Локација
Теодосиј Гологанов 54 Скопје
Контакт
078 449 484
Работно Време
Пон-Пет:09h-19h (Саб: 09-14h)

За Салонот

Сместено надвор од градскиот метеж, а сепак во центарот на Скопје, Pure Beauty е место кое ѝ е потребно на секоја дама за свеж, убав, здрав изглед и релаксирано тело и ум.

Минималистичкиот и модерен дизајн на ентериерот, големиот и отворен простор му даваат свежина на целокупниот изглед, додека пак уникатните и рустични елементи му даваат посебна топлина. Pure Beauty студиото за убавина е дизајнирано со цел да се чувствувате како дома додека уживате во едно поинакво искуство.

 

Нашиот Пристап

Уникатниот пристап овозможува вниманието да биде посветено само на вас. Се почитува вашата приватност, па затоа добивате „еден на еден третман“, односно во вашиот термин целото студио е резервирано само за вас. Опремата која се користи за нега и разубавување на вашето тело, се употребува еднократно или пак е персонализирана за лојалните клиенти.

Искуство

Третманите ги извршува стручно лице со долгогодишно искуство, врвно знаење и експертиза. Доколку на вашето лице му е потребно освежување или подмладување или пак сакате да се релаксирате, да го победите целулитот, отстраните несаканите влакна или да ги разубавите вашите нокти на рацете и нозете, тогаш закажете еден од различните третмани на лице, маникир и педикир, масажи и депилации. Во ова студио ќе добиете сѐ што ви е потребно за ваше максимално задоволство.

Следењето на светските трендови и применувањето на новитетите во оваа област може да се забележи по актуелните третмани како дрво-терапија или во светот позната како мадеротерапија. Овој третман е еден од најбараните во моментов за целосно отстранување на целулитот, а во студиото Pure Beauty можете да го добиете од првиот терапевт so Master лиценца за мадеротерапија во Македонија, добиена од познатата Sneki ( Ubica Celulita )

Соработка

За извршување на третманите се користат исклучиво производи од природна или медицинска козметика. На полиците во Pure Beauty може да се забележат светски, реномирани брендови како:

  • Thalgo 
  • OPI
  • Janssen Cosmetics
  • Depilѐve
  • Alexandar Cosmetics

image-divider